Нагелсман во неверување: „Тие се единствениот клуб во светот кој нема пари, но го купува секој играч што го сака“

Баерн Минхен го продаде Роберт Левандовски на Барселона за 45 милиони евра.
Германскиот шампион на крајот реши да ја испочитува желбата на полскиот напаѓач да го напушти клубот и на крајот зеде прилично убава фигура за човекот чиј договор истекува на крајот од сезоната.
Левандовски на тој начин стана уште едно во низата засилувања за каталонскиот клуб, а на тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман не му е јасно како Барселона ги завршува сите трансфери.
Познато е дека долгот на тимот од „Камп Ноу“ изнесува повеќе од една милијарда евра, но тие сепак успешно си ја завршуваат работата. Ова го изненадува Нагелсман.
“Барселона е единствениот клуб во светот кој нема пари, но на крајот го купува секој играч што го сака. Не знам како го прават тоа. Сето тоа е многу чудно и малку лудо”, изјави Нагелсман.



