SportM
Фудбал

Најбогатиот играч на Барселона апсолутно изненади со изборот на нов клуб

Д М1 сеп 2022
Најбогатиот играч на Барселона апсолутно изненади со изборот на нов клуб

Се чини дека Барселона се ослободи од уште еден голем проблем.

 

Поради сериозните повреди на Луис Суарез и Усман Дембеле, Барселона во февруари 2020 година доби дозвола за извонредни засилувања.

 

Иако не беше прва опција на тогашниот тренер Сетиен, Мартин Брејтвејт на Ноу Камп пристигна од Леганес за нереални 18 милиони евра.

Две и пол години подоцна, Данецот практично беше избркан од Барселона бидејќи каталонскиот клуб направи се за да се ослободи од 31-годишниот играч.

 

Данските медиуми пренесуваат дека Брејтвејт го раскинал договорот со Барселона и дека негов нов клуб ќе биде Еспањол, што е вистинско изненадување.

 

На официјалното претставување на тимот пред натпреварот од Гампер купот, напаѓачот беше жестоко исвиркан, а Барселона не му додели ниту број за новата сезона.

Во Барселона мина повеќе од 180 дена повреден, а на 58 натпревари успеа да постигне десет гола и да забележи пет асистенции.

 

Последниве недели јасно кажа дека нема да си замине додека не му се исплати платата за последните две години од договорот, односно 5 милиони нето.

 

Случајот Брејтвејт медиумите во Шпанија го гледаат како идеален пример за фијаското на трансфер политиката што го водеше претходното раководство на Барса.

 

Инаку, благодарение на одличниот приватен бизнис со недвижнини, Брејтвејт го доби прекарот за најбогат играч во Барселона, бидејќи неговото богатство се проценува на повеќе од 200 милиони евра.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.