Фудбал
Најголемиот ривал и најомразениот стадион: Последниот натпревар на Марадона во кариерата (ВИДЕО)

Денес на 60-годишна возраст почина еден од најдобрите играчи на сите времиња Диего Марадона.
Целиот свет е во шок откако од Аргентина пристигна информација дека Марадона починал откако доживеал срцев удар. За жал, тој овој пат не излезе и лекарите не беа во можност да го вратат во живот.
Смртта на еден од најдобрите го потресе целиот свет, а многумина се збогуваат со Марадона преку социјалните мрежи.
Но, многумина се сетија и на неговиот последен професионален натпревар, кој Марадона го одигра на 25 октомври 1997 година. Во тоа време, Бока јуниорс играше против најголемиот ривал Ривер Плата, а Марадона го водеше својот тим како капитен.
Марадона можеше да игра само 45 минути бидејќи во тоа време веќе имаше големи проблеми со коленото. Наместо него влезе Рикелме, а на крајот Бока успеа да слави на „Монументал“ со 2:1. Многумина во тоа време немаа идеја дека ова е последен натпревар на Марадона во неговата кариера.
„Мојата фудбалска кариера заврши“, рече Марадона само пет дена по натпреварот со Ривер
🇦🇷 Throwback to Maradona's last ever professional game, back in 1997.
😔 Look how adored he was by the fans. A true icon.
🙏 Rest in peace, Diego. pic.twitter.com/roNlBNPEVb
— SPORF (@Sporf) November 25, 2020
