SportM
Фудбал

Најк подготви специјални дресови за Барса за Лигата на шампионите, но одамна не сме виделе ништо погрдо (ФОТО)

Д М22 мај 2021
Најк подготви специјални дресови за Барса за Лигата на шампионите, но одамна не сме виделе ништо погрдо (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона денес играат на гостински терен против Еибар, по што оваа сезона завршува за нив.

Каталонскиот клуб нема притисок во последното коло од Ла Лига затоа што испадна од борбата за шампионот на Шпанија, а сезоната ќе ја заврши само со освојување на Копа дел Реј.

На Челниците на Барселона летово им претстои голема работа бидејќи пред се мораат да ја решат финансиската криза во клубот, а после тоа да прават промени во играчкиот кадар за да можат следно да „напаѓаат“ трофеи на сите полиња сезона

Барселона наскоро треба да ги претстави дресовите за новата сезона, а вчера во јавноста протече изгледот на сетот дресови за Лигата на шампионите.

Ова се дресови во кои Барселона ќе одигра неколку натпревари следната сезона во Лигата на шампионите, но благо речено, нивниот дизајн ги разочара навивачите на овој клуб.

Најк состави прилично изненадувачки дизајн и се чини дека ќе биде нов неуспех кога станува збор за Барселона.

Фановите на овој клуб жестоко го критикуваа овој сет на дресови и рекоа дека од година во година имаат се погрди и погрди дресови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.