SportM
Фудбал

Најлошиот ден во животот за Сон, за малку ќе заплачеше пред камерата (ВИДЕО)

Д М12 апр 2021
Најлошиот ден во животот за Сон, за малку ќе заплачеше пред камерата (ВИДЕО)

Сон Хеунг-мин беше во центарот на вниманието во поразот на Тотенхем од Манчестер Јунајтед со 1-3.

Сон го постигна водечкиот погодок за домашната екипа, но пред тоа предизвика голем гнев кај навивачите поради симулацијата по дуелот со Скот Мектоминај, па погодокот на Единсон Кавани беше поништен.

Одличниот офанзивен играч од Јужна Кореја за малку ќе заплачеше на крајот од натпреварот кога даде изјава за големото разочарување.

Во еден момент тој остана без зборови, повторувајќи дека не знае што да каже и постојано се извинуваше за слабиот учинок на целиот тим.

Сепак, тоа не беше сè. Пеколот следеше дури по натпреварот, бидејќи Сон претрпе жестоки навреди на расна основа преку социјалните мрежи.

Сон е познат како еден од најдисциплинираните и најмирните играчи во светот на фудбалот и сето ова за него беше многу тешко.

Во меѓувреме се појави видео во кое Сон наводно одбива да се збогува со Жозе Мурињо и го игнорираше португалскиот стручњак, што дополнително ја искомплицира ситуацијата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.