SportM
Фудбал

Најлошиот натпревар на Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус

Д М17 дек 2020
Најлошиот натпревар на Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус

Кристијано Роналдо одигра многу лош натпревар против Аталанта.

Sвездата на Јувентус на теренот беше целосно запрена од дефанзивната линија на тимот од Бергамо, кој одигра навистина феноменално на натпревар кој заврши со резултат 1:1.

Роналдо беше запрен, не успеа да искористи пенал, па според многумина ова е неговиот најлош натпревар во дресот на Старата дама од Торино.

Кристијано на крајот доби скромна оценка 4,5. Тој никогаш не бил полош, но нема сомнение дека ќе сака да го поправи овој навистина слаб учинок на следниот натпревар.

„Не е резултатот што го посакувавме, но сега е време да се одмориме и да се фокусираме на следниот натпревар“, рече Кристијано.

Тренерот Андреа Пирло застана во одбрана на Кристијано.

“Настапот на Кристијан? Се случува … Да постигнеше гол од белата точка, коментарите веројатно ќе беа поинакви. Секој може да промаши пенал”, рече Пирло.

Јувентус ќе одигра нов натпревар во сабота на гости против Парма.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.