Најнесреќниот фудбалер на светот штотуку ја заврши кариерата

Германскиот дефанзивец е опишан како „најнесреќниот фудбалер на светот“ поради настаните во последните години.
Холгер Бадштубер и официјално потврди дека ја завршува фудбалската кариера на само 33 години. Неговите проблеми започнаа во декември 2012 година, кога ги скина вкрстените лигаменти на натпреварот помеѓу неговиот поранешен клуб Баерн и Борусија Дортмунд.
Тогаш не знаеше дека тоа е само почеток на патот кон регионалната лига и целосен заборав. Немаше поим дека за пет години ќе одигра само 28 натпревари и дека ќе помине повеќе од 1.000 дена надвор од теренот.
Кога бил опериран во Аугсбург, лекарите му рекле да се подготви за осум месеци одмор. Неколку дена подоцна се движеше со патерици во тренинг центарот на Баерн, а во март, три месеци подоцна, се испостави дека повторно мора да оди под нож бидејќи му се воспалило коленото. Статистички ова му се случува на секој десетти фудбалер кој е опериран по повреда на вкрстените лигаменти.
View this post on Instagram
Пеп Гвардиола го бодреше во тежок момент. Тој се јави пред да дојде во Баерн и на мешавина на англиски и германски го праша Бадштубер како му оди и како му оди рехабилитацијата. По 629 дена макотрпна рехабилитација се врати откако го пропушти Светското првенство во Бразил.
И кога се чинеше дека се е вратено, бидејќи Гвардиола на секој натпревар го ставаше Бадштубер, а Пер Мертесакер се откажа од репрезентацијата, па му требаше нов стопер, дојде уште една повреда. Овој пат беше повредена левата надколеница. Уште една операција, уште една рехабилитација, уште едно враќање по четири месеци и радосниот извик на Гвардиола на првиот тренинг на Бадштубер: „Холгер! Те сакам!“.
Но повредите се влошуваа и одвреме навреме несреќниот Бадштубер мораше да мирува. Имаше уште една повреда на бутот, па скршеница на зглобот. Човекот едноставно немал среќа. Сите му велеа да не се откажува, го поддржаа, но …
Со доаѓањето на Карло Анчелоти, Бадштубер го напушти Баерн и замина во Шалке на позајмица, што беше лош избор бидејќи не играше многу и не успеа да се врати во оптимална форма.
Во август 2017 година, тој му се приклучи на Штутгарт за една година, каде што настапи на 28 натпревари и постигна два гола. Германскиот клуб тогаш му понуди тригодишен договор, кој Бадштубер го потпиша без премногу други опции. И таму повторно заработи повреда, која го исклучи од игра на неколку месеци. Работата да биде уште полоша, за време на тоа во клубот беше донесен тренерот Маркус Вантсиерл, кого Бадштубер веќе го запозна во Шалке. И овој пат беше фрлен во втор план.
Во 2019 година со Штутгарт испадна во втората Бундес лига. Набргу по уште една повреда, смена на тренерот, па откако ги критикуваше методите на тренерот Матарацо, тој беше префрлен во резервниот тим на Штутгарт кој настапуваше во 4-та лига. Кога неговиот договор истече минатото лето, тој потпиша како слободен играч за швајцарскиот Луцерн. Иако потпиша на една година, на почетокот на 2022 година ќе остане без клуб.
Оттогаш Бадштубер не најде нов клуб. Не е ни чудо што Германецот реши да стави крај на кариерата, па поради таа причина сите го опишуваат како „најнесреќниот фудбалер на светот“.
Откако денеска остави проштална порака и го означи крајот на кариерата, пораки за поддршка и почит пристигнаа од многумина, меѓу кои Мануел Нојер, Џердан Шаќири, Бастијан Швајнштајгер, Налдо, Филип Лам…



