Најскапиот фудбалер летово го избра бројот на својот дрес, наследен „Ел Матадор“

Антони (22) беше купен од Манчестер Јунајтед во последните денови од меркато периодот.
Бразилецот ова лето стана најскапиот фудбалер, а Англичаните за неговите услуги на Ајакс му платија сто милиони евра.
Јужноамериканскиот фудбалер би можел да дебитира за „црвените ѓаволи“ викендов кога неговиот тим ќе игра дерби против досега максималниот Арсенал.
Бразилецот беше продаден по долги разговори и маки со неговиот поранешен клуб Ајакс, кој првично одби да го пушти.
Навивачите на Олд Трафорд очекуваат тој да биде еден од фудбалерите кои ќе направат разлика оваа сезона.
Антониј го избра и својот број за носење. Бразилецот ќе го има бројот 21 на дресот и веќе позираше за клупските профили на социјалните мрежи.
🚨 OFFICIAL: Antony will wear the number 2️⃣1️⃣ shirt at Manchester United.
(📸 @ManUtd) pic.twitter.com/oIPaoKdgKL
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 3, 2022
Тоа значи дека дресот со овој број го наследил од Единсон Кавани кој летово го напушти Јунајтед и премина во Валенсија.
Инаку, да не успееа да го доведат Антони, на Олд Трафорд ќе пристигнеше играч на ПСВ, а зделката веќе беше договорена за многу помалку пари.



