SportM
Фудбал

Најскапиот голман на светот конечно најде излез од Стемфорд Бриџ

Д М30 јул 2022
Најскапиот голман на светот конечно најде излез од Стемфорд Бриџ

Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага (27) ќе го напушти Челзи и ќе ја продолжи кариерата во Наполи.

Според италијанските медиуми, Наполи и Челзи преговараат за позајмица на 27-годишниот шпански нетомајдер, а зделката ќе биде комплетирана многу брзо.

Така Кепа ќе отпатува за Неапол. Тој ќе заземе место на голот на италијанскиот клуб и ќе има шанса за нов почеток во овој клуб.

Шпанскиот голман не се прослави на Стемфорд Бриџ. Тој беше донесен во 2018 година за 80 милиони евра од Атлетик Билбао како замена за Тибо Куртоа кој замина во Реал Мадрид.

 

Сепак, следеа годините на вистинска катастрофа за Кепа. Овој голман често беше на удар поради лошите игри и беше прогласен за еден од најголемите неуспеси во историјата на Премиер лигата.

Еве зошто Челзи реши да реагира минатата сезона и да го доведе Едуард Менди. Го пресели Кепа на клупата, а тоа баш и не му се допадна.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.