Најсрамниот потег во кариерата на Папуа Гомез: Грубоста од 95. минута ја шокираше Шпанија!

Федерико Валверде игра во фантастична форма оваа сезона и синоќа против Севиља постигна уште еден мајсторски гол, но во последните минути од играта сето тоа можеше да заврши на најлош начин.
Реал Мадрид синоќа пред своите гледачи успеа да ја победи Севиља со 3:1 и да дојде до нови три бода, а кралскиот клуб се уште е единствениот клуб во Шпанија кој досега нема пораз во сезоната.
Иако синоќа беа без Карим Бензема, на крајот избраниците на Карло Анчелоти полесно од очекувањата успеаја да дојдат до три бода.
Севиља пред крајот на натпреварот имаше 1:1, но Реал реши се за две минути. Лукас најпрвин погоди во 79. минута за 2:1, а две минути подоцна Валверде постигна мајсторски гол за конечни 3:1.
Покрај Бензема, Уругваецот е во убедливо најдобрата форма во Реал оваа сезона, а за него ова беше веќе четврти гол што го постигна надвор од шеснаесетникот сезонава.
Сепак, сето ова можеше на најлош начин да заврши во 95. минута од натпреварот кога Папу Гомез со дрзок потег го предизвика гневот на навивачите на Реал Мадрид.
Аргентинецот непотребно го фаулираше Валверде во една од последните акции на мечот, а според многумина заслужи директен црвен картон за неговиот фаул.
Гомез прво го удри со коленото во бутот на Валверде, а тоа не му беше доволно, а потоа ја згазна левата нога и беше јасно дека Аргентинецот сака да го повреди играчот од средниот ред на Кралевите.
https://twitter.com/alex7brady17/status/1583930619267948544
Судијата не ја прекина оваа акција, но кога беше завршена му покажа жолт картон на Гомез, иако сигурно заслужи директно црвен.

Валверде покажа дека чувствува болка во бутот каде што беше удрен, а многумина се надеваат дека не се работи за сериозна повреда. Покрај тоа што е еден од главните играчи на Реал, повредата може да дојде во најлош момент бидејќи до почетокот на Светското првенство останува неполн месец.



