Најважно во животот е да се биде човек: Шпанија зборува за новиот гест на добриот Иван Ракитиќ

Фудбалерите на Севиља синоќа славеа во одличен натпревар против Левенте со 3:2.
Леванте со поразот од Севиља на домашен терен ги намали шансите за останување во Ла Лига на крајот од сезоната, иако борбата на тимот од Валенсија продолжува и ќе трае до крајот.
Огромно беше разочарувањето кај играчите, особено кај Луис Моралес, кој го промаши пеналот за 2:2 и во солзи го заврши дуелот со Андалузијците.
Додека тој неутешно плачеше, Иван Ракитиќ му пријде и го утеши со прегратка, што на искусниот хрватски играч за врска му даде дополнителни симпатии за неговиот одличен гест.
Леванте сега е на 19. место, а Кадиз кој е прв над опасната зона има шест бода повеќе на пет кола пред крајот.
Ракитиќ објави фотографија со Моралес на Инстаграм и му испрати порака: „Главата горе, пријателе, ти си воин! Остани силен и храбар. Голема прегратка за Моралес“, напиша Ракета.
За разлика од Леванте, Севиља сезонава ѝ оди многу подобро и овој тим е втор на табелата, па е на чекор до обезбедување на пласман во Лигата на шампионите, но водењето на Реал Мадрид и за нив е практично недостижно како и за сите останати.
View this post on Instagram



