SportM
Фудбал

Нани: Роналдо научи сè од мене (ВИДЕО)

Д М25 мар 2020
Нани: Роналдо научи сè од мене (ВИДЕО)

Луис Нани и Кристијано Роналдо долго време беа соиграчи во Манчестер Јунајтед и португалската репрезентација.

Благодарение на неговите одлични игри, Роналдо стана еден од најдобрите играчи на сите времиња, а Нани смета дека е одговорен за успехот на неговиот сонародник.

Нани го избра најдобриот тим од пет играчи. Тој рече дека Роналдо научил сè од него. Во тимот поркај Роналдо се и Давид Де Хеа, Пол Сколс, Деко и Бруно Алвеш.

„Брз чекор и сите други вештини што Роналдо ги научи од мене во млада возраст. Тој го знае тоа, тој го знае тоа“, рече Нани.

„Де Хеа е на голот. Многу добар играч и е еден од најдобрите голмани на светот, но тој мора да носи очила, бидејќи не може да види ништо без нив”.

За Деко рече дека е негов идол, дека Бруно Алвеш е како уништувач на одбраната, а Сколс е одличен играч со одличен вид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.