SportM
Фудбал

Нани: Роналдо пред неколку години ми кажа каде сака да ја заврши кариерата

Д М17 јун 2020
Нани: Роналдо пред неколку години ми кажа каде сака да ја заврши кариерата

Кристијано Роналдо сигурно нема да ја заврши кариерата иако тој веќе има 35 години.

Португалецот е обврзан со договор со Јувентус уште две години, но постојат шпекулации дека тој би можел да ја напушти Старата дама следното лето. Наводно, негова желба е да се испроба во американскиот МЛС, што го потврди и неговиот поранешен соиграч Нани.

Нани реши да замине во Америка пред повеќе од една година, а потпиша договор со Орландо. Тој беше воодушевен од тоа колку фудбалот напредуваше во МЛС, и тој е сигурен дека се повеќе sвезди ќе дојдат во оваа лига.

Поранешниот фудбалер на Спортинг изјави дека верува дека Роналдо ќе дојде во МЛС кога ќе одлучи да го напушти Јувентус, и дека веќе го признал тоа во една прилика.

“Пред неколку години тој ми рече дека верува дека најверојатно ќе ја заврши кариерата во Америка. Не знам дали се предомисли, но сигурно има шанса тој да дојде овде. Ова е одлична лига и зачудувачки е колку напредувала во претходните години и Роналдо доаѓа затоа што тоа ќе придонесе уште повеќе во популарноста на МЛС “, рече Нани.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.