Нападнат фудбалски судија во Волино
Д М29 окт 2018

На 28.10.2018 година во 14.25 часот било пријавено дека на фудбалското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Сатеска“ од селото Волино и „Охрид Лихнидос“ од Охрид, З.Н.(52) и С.Б.(36), двајцата од село Волино, физички го нападнале главниот судија на натпреварот Фатмир Бафло. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Судијата на натпреварот ќе достави дополнителен извештај. Натпреварот завршил нерешено 1:1, а гостинската екипа најавила жалба. Ова се случувало во Третата лига југозапад.
Извор: ТВ21
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



