SportM
Фудбал

Наполи без Верди на дуелот со ПСЖ

Д М22 окт 2018
Наполи без Верди на дуелот со ПСЖ

Напаѓачот на Наполи, Симоне Верди го повреди колкот на саботниот натпревар со Удинезе во италијанскиот шампионат. Според официјалниот сајт на неаполците, 26-годишниот фудбалер ќе биде надвор од терените најмалку една седмица.

Ова значи дека Верди нема да игра во Лигата на шампионите, со ПСЖ и во шампионатот на Италија со Рома.

Дуелот ПСЖ – Наполи е закажан за в среда од 21 часот во Париз.

Верди се пресели во Наполи од Болоња минатото лето за 25 милиони евра и постигна еден гол во шест натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.