SportM
Фудбал

Наполи донесе играчи на Јунајтед на позајмица

Д М2 јан 2022
Наполи донесе играчи на Јунајтед на позајмица

Стоперот на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе до крајот на сезоната ќе игра за Наполи како позајмен играч, а италијанскиот клуб ќе плати 500 илјади евра.

Туанзебе, кој е производ на младинската школа на „црвените ѓаволи“, неколку пати беше позајмен во Астон Вила за која играше и во првиот дел од оваа сезона, а одигра девет натпревари.

Тој има 24 години, висок 185 сантиметри, а договорот со Јунајтед му истекува во мај, по што ќе биде слободен играч.

Наполи моментално е трет на табелата во Серија А со 39 бодови, три помалку од Милан и седум од Интер.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.