Фудбал
Наполи и Елмас елиминирани во Купот, Конте вели: Треба да одиме во црква и да се молиме! (ВИДЕО)
Наполи е елиминиран во четвртфиналето во Купот на Италија, на пенали од Комо, откако регуларниот дел заврши 1:1. Во составот на Наполи поради повреди ги немаше Давид Нерес, Џовани ди Лоренцо, Скот МекТоминај, Френк Ангусиа, Кевин де Брујне и Били Гилмор.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, даде свој коментар за големиот број повредени фудбалери во текот на целата сезона.
– Која е причината за бројните повреди во Наполи? Треба да одиме во црква и да се молиме! Кога неколку играчи се надвор со сериозни проблеми, сте принудени постојано да ги играте истите. А потоа и тие добиваат помали повреди, а тоа води до понатамошни загуби, изјави Конте за италијанските медиуми.