Наполи претстави големо засилување
Д М31 јул 2020

Тимот на Наполи и официјално го претстави првото засилување за следната сезона.
Новиот играч на екипата од Неапол стана нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, кој доаѓа од Лил.
Наполи потпиша петгодишен договор со 21-годишниот фудбалер, а на францускиот клуб му беа исплатени бројка од 50 милиони евра за неговите услуги.
Welcome to #Napoli, Victor!
👉 https://t.co/OoODAND8tP#WelcomeOsimhen
💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/ncwBTz0CcN— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) July 31, 2020
Осимен играше одлично во дресот на Лил минатата сезона. Тој постигна 18 голови на 38 натпревари и одличните настапи го привлекоа вниманието на многу клубови. На крајот потпиша за Наполи.
Во својата кариера, Нигериецот играше и за Волфсбург и Шарлерои.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



