SportM
Фудбал

Наследниците ја започнаа кариерата: Меси ги регистрираше синовите во ПСЖ

Д М3 сеп 2021
Наследниците ја започнаа кариерата: Меси ги регистрираше синовите во ПСЖ

Лионел Меси ги регистрираше своите два сина во младинските категории на ПСЖ.

Тиаго и Матео Меси ќе имаат можност да учат фудбал во школата на Парискиот клуб, каде што нивниот татко пристигна ова лето по 20 години поминати во Барселона.

Осумгодишниот Тиаго ќе биде регистриран во тимот до 10 години, петгодишниот Матео во тимот до 7 години и со тоа ќе ја започне својата фудбалска кариера.

Матео засега покажува повеќе таленти од Тиаго. Често се дружи со топката и кој знае, можеби еден ден ќе биде наследник на неговиот татко.

Ова лето, петгодишниот Матео постојано се дружи со топката и одлично му оди.

Покрај Тиаго и Матео, Меси и неговата сопруга Антонела имаат и трет син, тригодишниот Чиро.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.