SportM
Фудбал

Насловна која ќе ве наежи: Марка денес ја претстави најдобрата насловна страна! (ФОТО)

Д М23 мар 2020
Насловна која ќе ве наежи: Марка денес ја претстави најдобрата насловна страна! (ФОТО)

Спортскиот весник од Мадрид им оддаде почит на сите оние кои си го ризикуваат животот да им помагаат на другите.

Обично насловната на Марка е исполнета со Меси, Роналдо, Зидан, Бејл, sвезди на европскиот и светскиот фудбал и спортот воопшто, но сега е редот на оние кои претежно се во втор план, но кога „гори“ – тука се да помогнат.

Така, редакцијата на Марка одлучи да го стави „идеалниот тим“ на насловната страница, оддавајќи почит на сè што прават лекарите, полицајците, војската, пожарникарите, продавачите, давателите на услуги за храна, работниците на бензинските пумпи…

„Со тим како овој, Шпанија може да победи сè“, се наведува во насловот на списанието.

Шпанија, покрај Италија, е една од најзагрозените земји во светот поради пандемијата на коронавирус со над 2100 мртви.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.