SportM
Фудбал

Натпреварот Астон Вила – Фулам влезе во историјата на Премиер лигата

Д М4 апр 2021
Натпреварот Астон Вила – Фулам влезе во историјата на Премиер лигата

Денешниот натпревар од 30. коло во англиската Премиер лига помеѓу Астон Вила и Фулам влезе во историјата на ова натпреварување.

За прв пат на натпревар од Премиер лигата, двата тима настапија во почетната постава на играчи родени по првиот натпревар од Премиер лигата, создаден во 1992 година.

Првиот натпревар од англиската Премиер лига се одигра на 15 август 1992 година и досега никогаш не се случило на теренот во двата тима сите играчи да се родат по тој датум.

Секако, во наредните години, ова ќе стане нормална појава, но овој натпревар влезе во историјата на лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.