Connect with us

Фудбал

„Натпреварот на Олд Трафорд и моментот кога целиот стадион ми аплаудираше ќе ги памтам засекогаш“ (ВИДЕО)

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдо, во својата кариера одигра многу фантастични натпревари во Лигата на шампионите, но за него посебно се одвојува еден натпревар.

Роналдо е најверојатно најдобриот играч кој не успеа да освои трофеј во Лигата на шампионите, но затоа ова натпреварување даде неколку брилијантни натпревари. Во интервјуто за „Скај Спорт“ легендарниот бразилски фудбалер одлучи да избере кој натпревар за него беше омилен, а може да се каже дека изборот беше очекуван.

Се разбира, натпреварот на „Олд Трафорд“ кога се сретнаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, натпревар полн со пресврт на која славеа „Црвените Ѓаволи“ со 4:3. Тогаш Роналдо постигна хет-трик, додека головите за Јунајтед ги дадоа Бекам (2), Ван Нистелрој и автогол Ивана Хелугер.

„Тоа беше на натпреварот против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“. Прекрасна ноќ, каде што дадов три гола. Најубавиот момент се случи кога излегов од игра и целиот стадион ми аплаудираше. Секој стана и никогаш не би поверувал дека тоа ќе ми се случи на стадионот на ривалот. Тоа беше еден магичен момент и еден од најважните во мојата кариера. Фудбалот е сè во мојот живот. Кога ќе погледнам наназад, јас сега можам да биде горд на она што го постигнав во мојата кариера“, изјави Роналдо.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com