Навикнати сме тој да биде дежурниот негативец, но сега Рамос ја направи вистинската работа

Сезоната за ПСЖ не можеше да започне подобро.
Во Израел го совлада Нант и го освои Суперкупот на Франција, а потоа во првите две кола од Лига 1 забележа два убедливи триумфи против Клермон и Монпеље и така на најдобар начин ја започна одбраната на шампионската титула во Франција.
Сепак, она што се случи на последниот меч може да ги загрижи сите во Париз, а се однесува на двете најголеми ѕвезди Мбапе и Нејмар.
Нејмар до сега нормално беше задолжен за пенали. Во 23. минута го пушти Мбапе да го изведе ударот, но промаши.
Подоцна во 43. минута Бразилецот не му дозволи на Мбапе да го изведе вториот пенал. На снимката се гледа како Мбапе му приоѓа на Нејмар и му вели да му ја даде топката, но тоа не се случи.
Наводно, вербалниот конфликт продолжил и по натпреварот во соблекувалната, а сега Мундо Депортиво носи нови детали за ова, а се однесуваат на Серхио Рамос.
Шпанецот беше капитен на Реал Мадрид и иако е само втора сезона во ПСЖ, неговите лидерски квалитети навистина доаѓаат до израз, а до израз дојдоа и во овој случај, а дефанзивецот се обиде да ја смири ситуацијата. помеѓу неговите соиграчи.
Рамос истакна дека е многу важно соблекувалната да биде единствена, за во тековната сезона тимот да биде фокусиран и да не се саботира на патот до првиот трофеј од Лигата на шампионите во историјата.
Се чини дека се вмеша и новиот спортски директор Луис Кампос кој се обиде да ги реши разликите меѓу Бразилецот и Французинот.
Во моментов изгледа дека водите се смириле, но со оглед на тоа дека и двајцата се многу силни личности, во ПСЖ се може да „експлодира“ во секунда, а хармонијата да престане да постои.



