SportM
Фудбал

Навивач му го фрли мобилниот телефон на Еден Азар, сега тој е главна фаца во Мадрид (ВИДЕО)

Д М2 мај 2022
Навивач му го фрли мобилниот телефон на Еден Азар, сега тој е главна фаца во Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид во саботата ја обезбеди 35-та титула шампион на Шпанија по победата од 4-0 над Еспањол.

Реваншот на мадриѓаните против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ги очекува во фантастична атмосфера бидејќи на четири кола пред крајот ја потврдија 35. титула на Шпанија.

Сите ја прославуваа титулата во Реал освен Герет Бејл кој тврди дека не можел да дојде на мечот поради болки во грбот, а својата епизода секако ја заврши во Мадрид.

 

Се смета дека на лето од Реал ќе си замине и Еден Азар, иако во 2019 година пристигна како големо засилување од Челзи за 115 милиони евра. Тој имаше разочарувачка сезона во Реал, но сепак добро се забавуваше за време на прославата во Мадрид.

 

За време на забава во центарот на градот, навивач му го фрли телефонот на Еден Азар, а Белгиецот направи многу фотографии и снимки со соиграчите.

 

После тоа, белгискиот репрезентативец му го врати телефонот на навивачот, а тој потоа воодушевено објави на социјалните мрежи „ексклузивни снимки направени лично од Еден Азар“.

 

Тоа што се случи е едноставно магично. Азар му остави спомени кои навивачот сигурно нема да ги заборави“, напиша Ас.

 

„Кога се забавите во прашање, Азар не заостанува. Со широка насмевка на лицето, Белгиецот овековечи моменти на радост… со телефон на обожаватели“, објави белгискиот портал dhnet.be.

 

Еден (31) имаше многу проблеми со повреди, а оваа сезона за Реал одигра само 22 натпревари и постигна еден гол со две асистенции.

 

Иднината на крилниот напаѓач не е позната, но се верува дека тој дефинитивно ќе го напушти Реал на крајот на сезоната и не е исклучена можноста да се врати во Челзи каде ја имаше најуспешната епизода во кариерата досега.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.