Навивач на Јувентус со одлична финта го замени дресот на Роналдо со Душан Влаховиќ

Душан Влаховиќ во јануари го засили Јувентус на кој дојде од Фиорентина.
Таму каде што застана во дресот на Фиорентина, продолжи во дресот на Старата дама – полнење на противничките мрежи.
Веднаш на дебито за Јувентус, тој постигна одличен гол во победата против Верона во 24. коло од Серија А на 6 февруари, а беше најзаслужен што Јувентус преку Сасуоло стигна до полуфиналето на Копа Италија.
Во 88. минута при резултат 1:1 ја зеде топката, се ослободи од чуварот и ја испрати топката во мрежата од Тресолди, а на крајот на дефанзивецот на Сасуоло му беше припишан автогол.
На фотографијата од трибините се гледа дека напаѓачот на српската репрезентација е голема ѕвезда во Торино.
Имено, еден навивач на Јувентус напишал „Влаховиќ“ на леплива лента и го залепил над името на Роналдо на дресот со број 7.

Да потсетиме, Роналдо носеше седумката во Јувентус до крајот на минатата сезона, кога се врати во Манчестер Јунајтед.



