Навивачите го избраа најдобриот премиерлигашки тим во историјата

Англиската Премиер лига без сомнение е најпопуларното фудбалско натпреварување во светот.
Натпреварите од ова натпреварување се следат со големо внимание, а додека Премиершип годинава го слави својот 30-ти роденден, Би-Би-Си одлучи да ги избере најдобрите 11 кои играле во ова натпреварување.
Навивачите беа тие кои го избраа идеалниот тим од Премиер лигата. Изборот е доста интересен, а од активните фудбалери останаа само Кристијано Роналдо и Кевин де Брујн.
Навивачите на Премиершип се одлучија за овие играчи и формацијата 4-3-3.
Голман: Петер Шмајхел.
Одбрана: Гери Невил, Рио Фердинанд, Џон Тери, Ешли Кол.
Среден ред: Стивен Џерард, Кевин де Бруин, Патрик Виеира.
Напад: Кристијано Роналдо, Алан Ширер, Тиери Анри.

На листата на најдобрите немаше место за некои големи имиња, меѓу кои и легендарните Немања Видиќ или Френк Лампард, но и бројни други фудбалски икони од англиските терени.
Повеќе од 11 едноставно не можеа да се вклопат. Овие фудбалери имаа најмногу гласови, а дали се избрани за најдобри проценете сами.



