SportM
Фудбал

Навивачите конечно го добија тоа што го сакаа: Манчестер Јунајтед на продажба, познати потенцијални купувачи

Д М5 сеп 2022
Навивачите конечно го добија тоа што го сакаа: Манчестер Јунајтед на продажба, познати потенцијални купувачи

Манчестер Јунајтед вчера победи на домашен терен против Арсенал во дербито на колото.

И покрај ова, борбата на навивачите за промена на сопственоста на клубот трае веќе подолго време.

Семејството Глејзер конечно ја одреди цената за Манчестер Јунајтед, а таа е 3,75 милијарди фунти.

Има неколку потенцијални купувачи кои веднаш загризале, меѓу кои се издвојува купувачот од Дубаи.

Покрај нив, тука е и најбогатиот човек од Британија, Сер Џим Ретклиф, кој јасно ги покажа своите намери да го купи овој клуб.

Неговите акции би сакал да ги купи и Луис Хамилтон, легендарниот Формула 1 возач, но прашање е колку е можно.

Кога станува збор за купувачот од Дубаи, се вели дека е шеикот Мохамед бих Рашид, кој е владетел на Дубаи.

Неговото богатство се проценува на околу 13 милијарди фунти, па не би бил голем проблем да го купи овој клуб.

Би било многу интересно бидејќи сопствениците на Манчестер Сити се од Абу Даби, додека сопственикот на Њукасл е од Саудиска Арабија.

Сепак, прашање е што ќе кажат навивачите за потенцијалните купувачи, а останува да се види кој ќе биде новиот сопственик на Манчестер Јунајтед.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.