SportM
Фудбал

Навивачите на Атлетико Мадрид му посветија парола на Гризман: „Сакаше да направош име од себе, но …“

Д М2 дек 2019
Навивачите на Атлетико Мадрид му посветија парола на Гризман: „Сакаше да направош име од себе, но …“

Барселона синоќа го совлада Атлетико со 1:0 во Мадрид, со голот на Лионел Меси.

Каталонскиот клуб успеа да добие три бода, а мечот го реши Лионел Меси кој го постигна единствениот гол во 86. минута. Но, во центарот на вниманието синоќа беше Антоан Гризман кој се врати на стадионот „Ванда Метрополитано“, но како противник на Атлетико.

Гризман летово пристигна во Барселона од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра. Овој потег никогаш нема да биде простен од навивачите на клубот од Мадрид, без оглед на тоа што тој направи за Атлетико.

Францускиот репрезентативец добиваше свирежи секој пат кога ќе ја примеше топката, а навивачите му посветија и интересна парола.

„Сакаше да направош име од себе, но заборави да бидеш човек“, му порачаа навивачите на Атлетико Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.