SportM
Фудбал

Навивачите на Евертон се свртеа со грбот додека навивачите на Ливерпул ја пееа култната химна

Д М5 јан 2020
Навивачите на Евертон се свртеа со грбот додека навивачите на Ливерпул ја пееа култната химна

Навивачите на Евертон денес решија да им го свртат грбот на навивачите на Ливерпул, бидејќи ја пееја култната химна „Никогаш нема да одиш сам“ пред почетокот на натпреварот од ФА Купот 3 коло.

Ова ги натера навивачите од двата тима да се огласат на Твитер и да остават коментари.

„Веројатно се уморни од потсетување дека тие се вториот најдобар тим во градот“, коментира еден навивач, коментирајќи го гестот на навивачите на Евертон кои кренаа два прста за време на интонацијата на химната на „Црвените“.

„Фантастично, тоа е она што сите навивачи треба да го направат за време на интонацијата на здодевната химна“, коментира друг навивач, на кој еден навивач на Ливерпул одговори: „Ова е една од најкултните химни. Седнете !!!“.

Патем, Ливерпул го победи Евертон со 1:0 на овој натпревар и го исфрли надвор од конкуренцијата. Дваесет и еден натпревар по ред, Евертон не знае за победа над градскиот ривал.

Денес славеше екипата на Јирген Клоп, иако германски стручњак испрати неколку играчи на теренот кои никогаш не играле во Премиер лигата. Тоа е секако голем удар за Карло Анчелоти и неговиот тим.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.