Connect with us

Фудбал

Навивачите на Њукасл се фатија за глава поради најавеното засилување

Најбогатиот тим во светот, Њукасл Јунајтед, има многу проблеми да најде адекватно засилување.

Иако имаат навистина огромни средства, Страчките не се привлечни за најдобрите светски фудбалери, па клубот од „Сент Џејмс Парк“ е принуден да се справува со играчи со многу послаб квалитет.

Навивачите на овој клуб се фатија за глава кога слушнаа дека новото засилување би можел да биде искусниот нигериски напаѓач Одион Игало.

32-годишниот фудбалер моментално е член на Ал Шабаб во Саудиска Арабија, но има големо искуство играјќи во Англија.

Минатата година кратко време мина во Манчестер Јунајтед, а претходно настапуваше за Ватфорд.

Сепак, навивачите на Њукасл воопшто не се среќни што 32-годишниот играч се поврзува со доаѓањето во нивниот тим и полека се разгорува еуфоријата поради фактот дека тие се најбогатиот тим на светот.

Се очекуваа големи имиња на Св. Џејмс Парк, но очигледно ќе треба да почекаат барем уште некое време.

Реклама

Facebook

Реклама