SportM
Фудбал

Навивачите на Рома му скандираа на Ибрахимовиќ дека е циган, а тој постигна гол и реши да одговори (ВИДЕО)

Д М1 ное 2021
Навивачите на Рома му скандираа на Ибрахимовиќ дека е циган, а тој постигна гол и реши да одговори (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан синоќа славеа на гости кај Рома во дербито од 11. коло од италијанската Серија А.

Милан славеше со 2:1 и ја продолжи одличната форма оваа сезона, а херој на вечерта беше неверојатниот Златан Ибрахимовиќ.

Иако минатиот месец го прослави својот 40-ти роденден, Ибрахимовиќ се уште покажува магија на теренот, но и дека се уште не размислува за пензија.

Ибрахимовиќ постигна фантастичен гол од слободен удар во 26. минута за 1:0, а во средината на вториот дел доби пенал од кој Кеси ја удвои предноста на Росонерите.

После тоа, Ибрахимовиќ го напушти теренот со големи свирежи од навивачите на Рома со кои „водеше војна“ од почетокот на мечот.

Имено, навивачите на Рома го исвиркуваа Ибрахимовиќ речиси секој пат кога тој беше во контакт со топката, а во неколку наврати од трибините скандираа: „Циган, циган“.

Ибра на најдобар начин им се одмазди со спектакуларен гол од слободен удар и слушна што му скандираат, па само ги крена рацете во воздух и ги замоли да продолжат, што дополнително го предизвика гневот на навивачите на Рома.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.