SportM
Фудбал

Навивачите на Селтик закачија палестински знамиња на трибините на нивниот стадион (ФОТО)

Д М19 мај 2021
Навивачите на Селтик закачија палестински знамиња на трибините на нивниот стадион (ФОТО)

Израелските напади врз Палестина, во кои загинаа повеќе од 200 лица, траат веќе десет дена.

Израел жестоко одлучи да ја нападне Палестина откако започнаа нови конфликти во Ерусалим.

Најмалку 219 лица се убиени во овие напади во Палестина досега, вклучувајќи скоро 100 жени и деца, што е навистина страшно.

Многумина јавно ги осудија нападите на Израел врз Палестина, но оние од најголемите сили најмногу ги поддржаа Израелците, што за многумина е несфатливо бидејќи на сите им е јасно какви злосторства се случуваат.

И многу познати спортисти од целиот свет апелираа деновиве да престанат конфликтите затоа што невини луѓе умираат. Синоќа Пол Погба исто така рече дека го замолил Израел да ги запре нападите врз Палестина.

На оваа „борба“ се приклучија навивачите на Селтик од Глазгов кои исто така пружаа поддршка на народот на Палестина.

Навивачите на шкотските клубови ги поставија палестинските знамиња на дел од нивната трибина за да ги поддржат во конфликтот против Израел.

Тоа е група наречена „Зелена бригада“ и тие ги објавија фотографиите на својот профил на Твитер.

Повеќето навивачи на Селтик го поддржаа овој потег и поддршката кон народот на Палестина, но за жал имаше и такви кои навистина не се согласија со овој потег.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.