SportM
Фудбал

Навивачите на Серија А ги затворија играчите

Д М16 дек 2021
Навивачите на Серија А ги затворија играчите

Денешниот пораз од Лече тешко им падна на навивачите на Специја.

Специја беше поразена со 2-0 од второлигашот Лече пред своите гледачи и остана без пласман во осминафиналето на Купот на Италија.

 

Избраниците на Тиага Моте играат слабо во првенството, но навивачите веруваа дека нема да имаат проблеми со тимот од Серија Б во Купот.

 

Во текот на натпреварот од трибините се слушаа свирежи кои беа упатени до домашните фудбалери, а се кулминираше откако судијата означи крај.

 

Навивачите се наредија пред портите, и не им дозволија на играчите и стручниот штаб да си заминат дома.

 

Во домашното првенство Специја е 17-та на табелата со 12 бода и тони од ден на ден, а на прашањето дали ќе поднесе оставка, тренерот Мота само ги замоли новинарите да му постават уште едно прашање.

 

Последната победа тимот ја оствари на почетокот на ноември против Торино, а оттогаш има пет порази и едно реми.

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.