Connect with us

Фудбал

Навивачите на Сити го нападнаа голманот на Астон Вила по натпревар: „Тие идиоти нема да ми ги уништат емоциите“ (ВИДЕО)

Астон Вила вчера имаше шанса да му помогне на Ливерпул да ја освои титулата во Англија со реми или победа.

И тие направија одлично. Водеа со 0:2 до 78. минута, а потоа Сити за пет минути направи голем пресврт и дојде до нов шампионски трофеј.

По натпреварот, како и обично, започна инвазијата на навивачите на тревникот, а во таа прилика физички беше нападнат голманот на Астон Вила Робин Олсен.

Запрашан по натпреварот дали неговите играчи безбедно стигнале до соблекувалната, тренерот на Астон Вила Стивен Џерард рече:

“Одговорот е не. Мојот голман е нападнат. Мислам дека тие прашања треба да се упатат до Пеп Гвардиола и Манчестер Сити”.

Сити брзо се извини, ветувајќи дека ќе го идентификува навивачот и ќе му изрече забрана да доаѓа на стадионот, додека полицијата исто така го истражува случајот.

Во соопштението на Сити се вели:

„Манчестер Сити сака искрено да му се извини на голманот на Астон Вила, Робин Олсен, кој беше нападнат по последниот свиреж на денешниот натпревар кога навивачите влегоа на теренот. Клубот започна итна истрага и по идентификацијата, одговорното лице ќе добие забрана за влегување на стадионот“.

Погледнете како тоа изгледаше.

По натпреварот, самиот Олсен се огласи и им кажа на напаѓачите дека се идиоти.

„Оние идиоти кои ме нападнаа нема да ми ги уништат емоциите од денешниот натпревар. Добив можност да дебитирам за овој фантастичен клуб, а бевме блиску до добар резултат против тежок противник“, напиша Олсен.

Реклама

Facebook