Навивачите на Вест Хем нападнати во Франкфурт

Група навивачи на Вест Хем биле нападнати во Франкфурт пред дуелот на нивниот тим со Ајнтрахт во полуфиналето на Лигата на Европа, соопшти германската полиција.
Во полицискиот извештај се наведува дека две комбиња застанале пред пабот во кој биле собрани навивачите на Вест Хем. Од нив излегла група навивачи на Ајнтрахт кои влегле во пабот и ги нападнале навивачите на гостинскиот тим. После тоа се вратиле во комбињата и си заминале. За се сведочеше група од 15-20 луѓе кои не учествуваа во инцидентот.
Полицијата соопшти дека не можела да најде возила, од кои едното е со локални регистарски таблички.
Неколку навивачи се здобија со полесни повреди додека еден мораше да биде пренесен во болница.
„Еден повреден 34-годишен Британец е примен во болница и му е укажана лекарска помош“, се вели во соопштението на полицијата.



