SportM
Фудбал

Навивачите се згрозени од дресот во кој Јувентус ќе го игра следниот натпревар (ВИДЕО)

Д М15 апр 2022
Навивачите се згрозени од дресот во кој Јувентус ќе го игра следниот натпревар (ВИДЕО)

Торински Јувентус утре игра натпревар против Болоња, а на овој натпревар фудбалерите на Старата дама ќе се појават во нов дрес.

Станува збор за верзија на дресот кој е создаден во соработка со Адидас и бразилскиот графити уметник Едуардо Кобра.

Сепак, навивачите не се премногу среќни. Тие веќе го прогласија овој дрес за еден од најлошите што некогаш се појавиле и во коментарите на клупското соопштение јасно го изразија своето незадоволство.

Овој дрес на Јувентус е веќе во продажба. Цената е 100 евра, но прашање е дали некој ќе сака да плати толкава цифра за ваков дрес.

„Не знам што е полошо, овој дрес или оваа сезона“, е еден од бруталните коментари кои навивачите на Јувентус ги оставија многу.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.