Connect with us

Фудбал

Навивачите во шок: Умтити го продолжи договорот со Барселона и направи фантастичен потег

Самуел Умтити нема да ја напушти Барселона ниту во јануарскиот преоден рок.

Францускиот дефанзивец веќе некое време ја нема минутажата која ја очекува во Барселона и не е тајна дека каталонскиот клуб на секој начин се обидуваше да се ослободи од Умтити, но не успеа.

Ова лето Барселона дури понуди договорен прекин на соработката, но Умтити одби исто како и неколку понуди од други клубови.

Затоа денеска сите беа изненадени кога Барселона објави дека Умтити го продолжил договорот со каталонскиот клуб до летото 2026 година.

Умтити се согласи да го продолжи договорот со Барселона според кој ќе заработува значително помала плата од онаа што ја имаше откако дојде во каталонскиот клуб.

Ова е одлична вест за Барселона бидејќи клубот сега ќе може да го регистрира Феран Торес кој неодамна пристигна од Манчестер Сити.

 

На навивачите на Барселона не им беше јасно зошто играчот кој сите го отпишаа го продолжи договорот, но набрзо добија одговор. На челниците на клубот им стана јасно дека Умтити не сака да оди и најдоа одлично решение.

Реклама

Facebook

Реклама