Не е прв пат тој да сака да замине: Меси сакаше да игра за човек кој навивачите на Барса не го сакаат

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, ова лето сакаше да ја напушти Барселона.
Аргентинскиот фудбалер јасно и гласно им порача на челниците на Барселона дека сака да си замине пред истекот на договорот, но на крајот, иако незадоволен, тој остана во клубот.
Дел од навивачите му замерија на Меси, додека мнозинството сè уште отвори оган кон челниците на клубот, но по информацијата што денес „се појави“ во јавноста, аргентинскиот фудбалер може да се соочи со гневот на навивачите.
Имено, новинарот на „Скај Спорт“ и човек кој е запознаен со настаните на фудбалскиот пазар, Џанлука Ди Марцио, објави дека Меси сакал да се пресели во Челзи во 2004 година.
“Тој беше близу да замине за Челзи во 2004 година. Тој сакаше да игра за Жозе Мурињо. Имаше разговори меѓу нив, па дури и видео повик. Тоа беше првиот обид на Меси да ја напушти Барселона, а пред неколку месеци и вториот”, рече Ди Марцио.



