„Не го разбирам ентузијазмот околу Гвардиола, па тројца се пред него“

Пеп Гвардиола веќе може да се смета за еден од најдобрите тренери во историјата.
Многумина Гвардиола го гледаат како најдобар тренер на денешницата, но има и такви кои го мислат спротивното. Меѓу нив е Дитмар Хаман.
Хаман во колумна за Дејли Мејл изјави дека во моментов тројца тренери се пред менаџерот на Манчестер Сити.
“Не разбирам зошто е ентузијазмот околу Гвардиола. Моментално има тројца тренери кои ги сметам за поуспешни и сè уште не ја разбирам возбудата што го опкружува”.
Мурињо освои трофеи во четири различни земји и Лигата на шампионите со два клуба, додека настапот на Карло Анчелоти е недостижен и ќе биде уште подобар доколку Реал ја освои Ла Лига“.
„Третиот е Јирген Клоп. Она што го снајде со буџетот што го има во Ливерпул е извонредно. Тој е навистина исклучителен менаџер“, рече Хаман.
Како главна разлика меѓу Клоп и Гвардиола, Хаман ја спомена адаптацијата на новите играчи. Така, Јота и Дијаз веднаш се вклопија во „црвените“, додека 100 милиони платениот Грилиш на Сити сè уште се бара.
„Има голема разлика во начинот на кој играчите на Ливерпул зборуваат за својот тренер. Тие би кршеле цигли за него. Не сум сигурен дека играчите на Сити би го направиле истото“, рече Хаман.
Хаман своевремено беше одличен играч за врска и стандарден репрезентативец на Германија. Играше за Баерн и Ливерпул со кои ја освои Лигата на шампионите во 2005 година. Од 2006 до 2009 година играше за Манчестер Сити.
По завршувањето на кариерата кратко работеше како тренер. На клупата на нисколигашот Стокпорт Каунти остана само четири месеци.



