Фудбал
„Не го сакам Меси во Премиер лигата“
Робертсон страдаше секој пат кога играше против Меси, па го посакува што подалеку од Премиер лигата.
Дефанзивецот на Ливерпул, Ендру Робертсон, не сака Лионел Меси да биде префрлен во Премиер лигата.
Причина?
„Двапати играв против него и никогаш не сум имал потешки натпревари во мојата кариера како тие. Не сакам ни да размислувам. Ливерпул е исклучен како можност да го купи. Значи, не го сакам близу до Премиер лигата, се надевам дека ќе продолжи вака“, рече тој.
Објавено е дека Манчестер Сити го сака Меси, но не со милионите што ги бара Барселона, додека Лео сметаше дека може да си замине со нула параметри, но клаузулата што му дозволи да замине бесплатно, заврши во јуни и затоа е многу близу до останување на уште една сезона на „Камп Ноу“.