„Не ме интересира“ – мистериозната порака на Карим Бензема

Во денешно време социјалните мрежи се важен извор на информации, но често носат дилеми – како што порача Карим Бензема со објава на Инстаграм.
Тој напиша:
“Не сум заинтересиран.”
Потсетуваме, официјално најдобриот светски фудбалер се повреди на два дена пред Мундијалот, не беше дел од Франција во Катар (остана на списокот), а последните денови се шпекулираше дека може да се врати навреме, дури и од осминафиналето и да биде во комбинација за тимот, но тоа тренерот Дидије Дешамп не го сакаше.
Но дали ќе заигра во финалето и дали сето тоа ќе и наштети на француската селекција која в недела против Аргентина ќе се обиде да ја одбрани титулата светски првак, останува да видиме?
« Ça ne m’intéresse pas 💥 »
Karim Benzema sur Instagram. pic.twitter.com/maBDxxVrlc
— Actu Foot (@ActuFoot_) December 16, 2022



