SportM
Фудбал

„НЕ МОЖЕ ДА МЕ СПОРЕДУВАТЕ СО МЕСИ“ Азар од следната сезона ќе игра “Ел Класико” против легендите, а вака ги ИЗНЕНАДИ новинарите (ВИДЕО)

Д М9 јун 2019
„НЕ МОЖЕ ДА МЕ СПОРЕДУВАТЕ СО МЕСИ“ Азар од следната сезона ќе игра “Ел Класико” против легендите, а вака ги ИЗНЕНАДИ новинарите (ВИДЕО)

Еден Азар официјално го заврши трансферот од Челзи во Реал Мадрид и веднаш се приклучи на репрезентацијата на Белгија за квалификациите на Европското првенство.

Покрај приклучувањето кон “кралскиот” клуб, медиумите исто така беа заинтересирани да го споредат со Лионел Меси, лидерот на Барселона, против кој ќе води дуели во најголемото клупско дерби во следната сезона.

https://twitter.com/Football__Tweet/status/1137393346677051392

„Не можат да ме споредат со Меси. Да, постојат некои сличности, и двајцата сме мали и брзи, но тој постигнува важни голови во секој натпревар. Не можам да се споредам со некој кој е едноставно неспоредлив – рече Азар и пријатно ги изненади новинарите.

Азар покажа голема почит кон еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, но останува да се види како тој ќе се снајде во тимот на Зидан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.