„Не можев да останам во Серија А затоа што на тој начин би го изневерил Јувентус“

Јувентус има многу фудбалери во својата историја кои покажаа лојалност кон овој клуб, но Клаудио Маркизио е приказна за самиот себе.
Маркизио реши да го напушти Јувентус во летото 2018 година и сите беа изненадени што реши да ја продолжи кариерата во Русија во дресот на Зенит. Тој одигра само 15 натпревари во овој клуб и потоа реши да стави крај на кариерата.
Многумина веруваа дека Маркизио може да игра на високо ниво уште неколку сезони, но очигледно тоа веќе не беше предизвик за него. Тој беше запрашан на Инстаграм зошто не продолжи во Серија А кога го напушти Јувентус, и покрај големиот интерес кој го имаше за него.
Маркизио реши да одговори на ова прашањето и уште еднаш да покаже колку му значи Јувентус за него.
“Не можев да останам во Серија А затоа што не можев да го изневерам Јувентус. Тоа е главната и единствената причина. Тоа не е само затоа што клубот и навивачите ми го дадоа тоа, туку затоа што живеев со Јувентус. Исто така, секогаш имав желба да се обидам надвор од Италија, а Русија беше посебен предизвик за мене, но и за целото семејство “, рече Маркизио.



