SportM
Фудбал

Не се само Марсело и Модриќ: Коронавирусот го покоси Реал Мадрид, ќе има ли одложувања?

Д М16 дек 2021
Не се само Марсело и Модриќ: Коронавирусот го покоси Реал Мадрид, ќе има ли одложувања?

Вчера беше објавено дека Лука Модриќ и Марсело, фудбалерите на Реал Мадрид, се позитивни на коронавирус.

Денеска од Шпанија доаѓаат уште лоши вести кога се работи за Кралскиот клуб. Покрај споменатите двајца, тамошните медиуми јавуваат дека се заразени уште петмина фудбалери на Реал Мадрид.

Судејќи по овие натписи, ситуацијата на Бернабеу воопшто не е добра и натпреварите би можеле многу лесно да се одложат. Лидерот во шпанската Примера на 18 декември во рамките на 18. коло има закажан натпревар против Кадиз, а ќе видиме дали ќе има услови тој да се одигра.

Коронавирусот веќе создаде големи проблеми во Англија, каде се одложени три натпревари од 17. коло на Премиер лигата.

Најпрвин беше одложен дуелот помеѓу Бренфорд и Манчестер Јунајтед, а потоа и натпреварот помеѓу Барнли и Ватфорд.

Денеска беше потврдено и дека вечерашниот натпревар помеѓу Лестер и Тотенхем кој беше закажан за 20:30 часот на стадионот „Кинг Пауер“ е одложен.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.