SportM
Фудбал

„Не сум на списокот за „Златната топка“, а ако ја изберев Франција, дали работите ќе се сменеа?

Д М9 ное 2021
„Не сум на списокот за „Златната топка“, а ако ја изберев Франција, дали работите ќе се сменеа?

Златната топка е најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот и сонот на секој фудбалер е да го добие ова вредно признание.

Во последните 15 години доминираа двајца мажи, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а единствениот голман кој успеа да ја освои оваа награда беше Лев Јашин пред шест децении.

Во последните две децении Оливер Кан, Џанлуиџи Буфон и Мануел Нојер беа блиску до наградата, но тројца фанатични голмани не успеаја да дојдат до достојно признание.

Франс Фудбал на крајот на месецот ќе ги објави најдобрите во 2021 година, а тоа сигурно нема да биде одличниот чувар на мрежата на Челзи, Едуард Менди.

Менди беше брилијантен на голот на Челзи минатата сезона и е меѓу најзаслужните зошто Лигата на шампионите пристигна на „Стемфорд Бриџ“ бидејќи ја сочува својата мрежа на дури девет натпревари во елитното натпреварување.

Сепак, тоа не беше доволно за да влезат во 30-те кандидати. Менди смета дека една од причините е тоа што го избрал Сенегал пред француската репрезентација.

„Не сум вклучен во списокот со кандидати за Златната топка. Ќе си поставам прашање. Да ја изберев Франција и на тој начин да настапувам на ЕП, дали работите ќе се сменеа“, изјави Менди за Канал +.

Многумина ќе го поддржат ова размислување бидејќи во минатото имало некои дискутабилни одлуки во врска со конечниот победник, а лобирањето, националноста и популарноста често знаат да дојдат до израз пред квалитетот на самата игра.

Инаку, Менди има веќе 29 години, тој беше анонимен за светската јавност до пред две години кога се пресели во Рен каде имаше несекојдневна сезона која му овозможи трансфер во Челзи вреден 24 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.