Други спортови
Не знаеше од која страна се сервира, тенисерка стана хит на социјалните мрежи, но и брука (ВИДЕО)
Мечот кој денес се одигра на ИТФ турнирот W35 во Најроби предизвика неверување кај тениската јавност и брзо стана хит на социјалните мрежи.
Главната актерка беше Хајар Абделкадер, тенисерка од Египет, која на турнирот влезе благодарение на специјална покана.
Сепак, нејзиниот настап ја шокираше публиката.
„Помислив дека некој се шегува и ѝ ја купил поканата. Не знаеше од која страна треба да сервира, а изгледаше како да држи рекет првпат во животот. За цел меч освои само три поени и направи дури 20 двојни сервис-грешки“, напиша еден љубител на тенисот кој и го објави видеото од мечот.
Абделкадер беше поразена од Германката Лорене Шаедел, која инаку е 1026. тенисерка во светот, со лесни 2:0 по сетови, два пати по 6:0.
Цел меч траеше само 38 минути.
Овој необичен случај отвори бројни прашања за критериумите за доделување специјални покани на ИТФ турнирите, а многу тениски фанови коментираат дека ваков меч одамна не виделе.