SportM
Фудбал

Небесноплавите го соборија Јувентус и го освоија италијанскиот Супер куп

Д М22 дек 2019
Небесноплавите го соборија Јувентус и го освоија италијанскиот Супер куп

По петти пат во клупската историја, фудбалерите на Лацио стигнаа до италијанскиот Супер куп, откако го совладаа Јувентус со 3:1.

Победникот на италијанскиот куп влезе во натпреварот подобро. Луис Алберто во 9-та минута прв се закани, а следната сериозна закана му донесе водство на Лацио.

Во 16-та минута, Миланковиќ-Савиќ му асистираше на Луис Алберто кој со одличен удар ја затресе мрежата на „Бјанконерите“.

За прв пат Јувентус се закани во 30-та минута, слободниот удар на Дибала од работ на шеснаесетникот заврши покрај голот.

Кога се очекуваше крајот на првиот дел, Старата дама се изедначи. Ударот на Кристијано Роналдо во судиското надоополнување, Стракоша успеа да го одбрани, а на одбранетата топка наиде Дибала и ја смести топката во мрежата.

За Аргентинецот, ова ќе беше негов четврти гол во Супер Купот на Италија и стана рекордер на ова натпреварување.

На почетокот на вториот дел, фудбалерите на Лацио беа малку поангажирани и конкретни, но немаше поголема возбуда. Алберто принуди шут од десната страна во 62 минута и го принуди Шчесни да реагира. Во 68 минута, Кореа дојде до удар со глава, но неговиот удар заврши далеку од голот.

Сари ги стави во игра Ремзи и Квадрадо, но Бјанконерите беа целосно безопасни и прилично неподвижни се до 70. минута кога Роналдо шутираше, но топката мина покрај голот.

Лацио стигна до вториот погодок во 73-та минута, стречец на голот овој пат беше Лулиќ

Во последните 15 минути, сосема очекувано се играше на половината на Лацио.

Во последната судиското надополнување резултатот од 3:1, го постави Каталди за големиот триумф на Лацио, кој заслужено стигна до петтиот трофеј на италијанскиот Супер Куп во клупската историја.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.