SportM
Фудбал

Неговата голема кариера за жал заврши, а потоа татко му со изјавата го допре во срцето

Д М28 фев 2022
Неговата голема кариера за жал заврши, а потоа татко му со изјавата го допре во срцето

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро мораше да ја заврши кариерата на крајот на 2021 година поради проблеми со срцето.

Голема кариера заврши на тажен начин. Тој летово дојде во Барселона да игра со големиот пријател Лионел Меси, а потоа овој отиде во ПСЖ.

Го мачеа повредите на почетокот од престојот во каталонскиот тим и кога се врати и почна да игра, на мечот против Алавес, кој се одигра на крајот на октомври минатата година на крајот од првото полувреме, имаше проблеми со дишењето, а по дополнителните прегледи е утврдено дека Агуеро има срцеви проблеми.

На крајот на декември тој одржа прес-конференција на која во солзи објави дека мора да стави крај на својата играчка кариера.

Аргентинецот сега открива една интересна работа за својот татко, а неговата изјава сигурно многу позитивно го изненадила.

“Додека играв фудбал, татко ми никогаш не ми кажа дека сум добар фудбалер. Сега, откако ја завршив кариерата, ми рече дека сум најдобриот играч што некогаш го гледал”, изјави Агуеро.

Аугеро заминува во пензија како еден од најдобрите напаѓачи во својата генерација со над 400 постигнати голови и 21 освоен трофеј, од кои пет титули во англиската Премиер лига и Копа Америка.

Штета што никогаш во кариерата ја нема освоено Лигата на шампионите, а најблиску беше минатата сезона кога во финалето со Сити беше поразен од Челзи (1:0).

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.