Неговиот трансфер доцна синоќа пропадна, но веќе утрово Батшуаји има нов клуб

Иако требаше да потпише за Нотингем Форест, Миши Батшуаји заврши во Турција.
Белгискиот напаѓач (28) има договор со Челзи до летото 2023 година, но прашањето за неговата иднина беше решено во последен момент.
Поранешниот фудбалер на Марсеј не играше во Челзи, кој во изминатите сезони го испраќаше на различни позајмици. Сега имаше план повторно да замине од Лондон и практично беше договорен трансфер во Нотингем Форест, но се пропадна во последните минути од преодниот рок.
Челниците на Челзи и Нотингем договорија се и се чинеше дека Батшуаји безбедно оди во овој клуб, но по полноќ беше потврдено дека на крајот ништо нема да излезе од тоа.
Имено, клубовите не ја испратија навреме документацијата околу овој трансфер и на крајот челниците на Премиершип ги немаа сите услови да го официјализираат трансферот на Белгиецот пред крајот на преодниот рок.
Сепак, Батшуаји сепак успеа да се спаси. Договорен е трансфер во Фенербахче, а негова среќа е што во Турција трансферите важат до 8 септември.
Во некои други земји преодниот период се уште е на сила. Во Белгија ќе трае до 6 септември, а во Чешка, како и Турција, до 8 септември. Отворени се и Португалија и Грција и траат до 22 септември.
Батшуаји во 2016 година пристигна од Марсеј во Челзи за 40 милиони евра, а потоа сукцесивно замина на позајмица во Борусија Дортмунд, Валенсија, Кристал Палас и Бешикташ за кои настапуваше минатата сезона.
Единственото прашање сега е како ќе реагираат навивачите на Бешикташ бидејќи тој реши да игра во редовите на лутиот градски ривал Фенер?



