SportM
Фудбал

Неговите солзи го обиколија светот, а сега може да се случи чудо

Д М31 мар 2022
Неговите солзи го обиколија светот, а сега може да се случи чудо

Серхио Агуеро беше принуден да ја заврши кариерата кон крајот на минатата година.

Голема кариера заврши на тажен начин. Тој летово дојде во Барселона да игра со големиот пријател Лионел Меси, а потоа Меси отиде во ПСЖ.

Повреди го мачеа на почетокот од престојот во каталонскиот тим и кога се врати и почна да игра, а на натпреварот против Алавес кој се одигра на крајот на октомври минатата година на крајот од првото полувреме имаше проблеми со дишењето, а по дополнителните прегледи, следуваа проблеми за Агуеро.

На крајот на декември тој одржа прес-конференција на која во солзи објави дека мора да стави крај на својата играчка кариера.

Сепак, се чини дека работите би можеле да доживеат ненадеен пресврт во неговиот случај. Имено, Аргентинецот даде индикации за шпанските медиуми дека би можел да се врати на професионалното играње фудбал.

„Деновиве ми текна дека можам да се вратам на играњето фудбал. Лекарите ми препорачаа да не се занимавам со никакви активности половина година, па сега почнав да размислувам за враќање на теренот и за тренинзи“, изјави Агуеро.

Аугеро се пензионираше како еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација со преку 400 постигнати голови и 21 освоен трофеј, од кои пет титули во англиската Премиер лига и Копа Америка.

Штета што никогаш во кариерата нема освоено ЛШ, а најблиску беше минатата сезона кога беше поразен од Челзи во финалето со Сити (1:0), но ќе видиме што ќе се случи во иднина, ако се враќа, ништо не е невозможно.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.